За приватниот живот на Душица Јаковљевиќ се знае многу малку, а водителката избегнуваше да зборува за поранешниот сопруг.
Она што е познато е дека Душица беше во брак со продуцентот Александар Миљуш со кој ги доби синот Огњен и ќерката Анѓела.
Душица Јаковљевиќ со поранешниот сопруг се запознале додека работеле во продуцентската куќа „Емоушн“, а како што во една прилика истакнала, на нивното запознавање им помогнала нејзината колешка, која исто така на сите им е добро позната.
– Се омажив многу млада, на 25 години. Ана Михајловски ме запозна со таткото на Анѓела и Оги додека работевме заедно на ТВ Метрополис. И двете деца ми се планирани и меѓу нив има разлика, две години – изјави еднаш водителката на реалното шоу „Задруга“.
– Јас и Миљуш се разведовме пред само три недели, иако долго време сме разделени. Двајцата работиме многу и не стигнавме рано да ги решиме сите документи. Имавме проблеми за време на бракот и затоа се разделивме, но тоа не е тема за медиумите. Никогаш не би коментирала нешто што може да им наштети на моите деца – изјави Душица за медиумите во април 2022 година.
Фото: Принтскрин/Инстаграм