Радио Милева реалната слика

Сите се изненадија од папарацо фотографиите: Вака изгледа телото на Кендал Џенер на дневна светлина (фото)

Сите се изненадија од папарацо фотографиите: Вака изгледа телото на Кендал Џенер на дневна светлина (фото)

Кендал Џенер, 27-годишна членка на кланот Кардашијан-Џенер, веќе неколку години ја носи титулата најплатен модел на глобално ниво, со што постигна исклучителен успех со своето присуство во светот на модата, пренесува Стори.рс

Нејзиниот природен и ненаметлив пристап кон животот ја издвојува од остатокот од семејството Кардашијан-Џенер. Иако е член на овој познат клан, нејзините чекори на модните писти на реномирани светски дизајнери и појавувањето на страниците на престижните магазини, како и истакнувањето како заштитно лице на мегапопуларните брендови, говорат за нејзината незавидна и успешна кариера.

Сепак, постои дел од јавноста што го доведува во прашање нејзиниот успех, бидејќи таа првично се стекна со признание како член на најпознатото ријалити ТВ семејство во светот.

Многу скептици тврдат дека нејзиниот пат до успехот веројатно би бил поинаков доколку нејзината мајка и сестрите не биле препознатливи јавни личности. Сепак, ваквите коментари не ја засегаат. И покрај неволјите и сомнежите кои се појавуваат од време на време, Кендал неуморно работи на својата кариера и се труди да се докаже како независна и талентирана личност.

Во моментов, Кендал ужива во опуштен момент на луксузен одмор во Кабо Сан Лукас, Мексико, во друштво на нејзините блиски пријатели како Хејли Бибер, Џастин Скај и Лори Харви. Папараците го овековечија нивното заедничко време на јахтата, покажувајќи ги како уживаат во сончевите зраци и во убавината на морето.

Објективот најмногу беше фокусиран на Кендал, која се капеше и се сонча во минијатурен и шарен костим за капење, а во оваа прилика можете да го видите нејзиното многу фалено тело без трошка фотошоп или ретуширање.


Познато е дека Џенер редовно посетува часови по пилатес, а таа останува единствената Кардашијан која не го зголемила ниту еден дел од телото и покрај многуте гласини дека тоа го правела со градите.

фото:Профимедиа/HEM / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA

To top