Спасе Јовановски, познатиот презентер на временската прогноза на ТВ Сител, попознат како Спасе – „Рола до бола“ и верен придружник на Лила Филиповска на сите нејзини егзотични патувања, неретко споделува чудни постови на социјалните мрежи, особено на неговиот Фејсбук профил.
Откако пред некое време слатко го отсонува она што го посакува, арно ама сонот не му се оствари и се’ остана само на пуста желба машка, Теа Таировиќ да ја праиме македонска снашка, Спасе сега и експлицитно објасни зошто е подобро да си остане ерген!?
Погледнете ги ТВ рекламите и се’ ќе ви биде веднаш појасно. Всушност, човекот ништо не измислил, само сликовито ги прераскажал рекламите што меѓудругото одат и на телевизијата на која тој работи и раскажува какво било дента и какво ќе биде утре времето, а Бога ми и во наредните денови.
Какво и да биде, за него никако не е време за женење, зашто денес жените и мажите галиба ги имат заменето улогите?! Така барем му се чини на Спасе – Рола, а таквата нивна ролја никако не му е по волја!
Затоа Спасе својот страв од женење го искажал преку негодување и тоа јавно, уплашен за својот машки орган(изам) од од женскиот феминизам што ни се заканува на секој чекор. А мажите опиени и омамени од привлечниот женски декор и возбудливиот сексапил, наседнуваат „до бола“, но не и Спасе – Рола. Нему рекламите му се показател кој му ги отворил очите, за тоа кој ја води брачната игра во која постојано е во ќар, а кој во неа е само брачен измеќар!
„Ако внимателно погледнете еден блок реклами, или разгледате некој каталог за бела техника и куќни апарати ќе видите дека феминизмот ЈАКО чука на портите.
Па така, сите оние реклами за:
-Прашок
-Сјај за садови
-Таблети за машина
-Омекнувач на алишта
-Правосмукалки
-Апарати за домаќинство
-Готвење
Во 95% од нив, главната улога ја има мажот. Сега ТОЈ ве советува како да перете на ниски температури. Дека садовите може да се перат и за половина час. Ја преставува најдобрата стик правосмукалка со 17 филтри. Ги храни децата со највкусните кашички…
Готви, пржи, пече, бленда со најновите апарати…Секаде каде што претходно беше инволвирана жената сега таа улога ја има мажот… Жените на рекламите сега, само се разубавуваат со најновите серуми, пијат ашваганда, косата ја бањааат со агаве…
Како што тргнала работава ќе видиме и машко во реклама за влошки, може ќе лета на крилца, или ќе каже ЖЕНА МИ ЈА НЕРВИРААТ ДНЕВНИ ПА ТРГНАВ ДА И КУПАМ НОЌНИ, НО… што до тогаш!? А пилиња мои?“ – констатира загрижениот Спасе.
Затоа и е решен да остане соло мараонец, барем што подолго може… Додека не му дојде денот да го истрча и последниот, почесен ергенски круг. Зашто на оние рано женетите, што имаат маратонски бракови или врски… Спасе како „искусен маратонец“ е убеден дека понежните половини им трчаат во… „погрешен правец“!
Фото: Фејсбук и Инстаграм/rolladobolla