Македонската поп-пејачката и актерка Тијана Дапчевиќ која заедно со сопругот Милан и синот Вук живее во Белград, секоја прилика и слободно време го користи и доаѓа во Скопје да ги посети роднините и пријателите.
Кога доаѓа во Македонија, таа знае каде и како да си направи мерак на душата па, затоа овој пат заедно со сестра и, пејачката Тамара Тодевска и нивната мајка заминаа на омилената дестинација.
Тие решија да уживаат на домашен терен и за спомен на „Инстаграм“ се фотографираа со природните македонски убавини од Маврово.
Она што највеќе се забележуваше е дека одбраното женско друштво ужива во природата, езерото и особено планините не тргајќи ја насмевката од лицето.
Се разбира нема ништо поубаво од времето поминато заедно со најбиските за време на празниците но и во сосема обичните денови.
Тијана ја откри и локацијата каде седнале да уживаат во вкусната храна, а она што го привлече вниманието беше насловот на нејзината песна која ја постираше заедно со објавата и фотографијата на Маршалот на бившата СФРЈ при некогашната посета на Маврово и угостителскиот локал кои пејачките и семејството го посетија.
„Све је исто само њега нема“ – песна со која пејачката алудираше на убавите времиња и многу посреќните денови од некогашна СФР Југославија. Со тоа што за разлика од стиховите во песната, ништо повеќе не е исто… откако него го нема!
Како е да е, насмеани и тргнати од секојдневитето, познатите пејачки заедно со нивната мајка Брана се потсетија на старите добри времиња, но и создадоа спомени за паметење.
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Тијана Дапчевиќ/Тамара Тодевска