Поранешниот „задругар“ и рапер Ненад Алексиќ Ша се огласи и потврди дека се разведува од сопругата Вања.
Имено, Ненад Алексиќ Ша и тиктокерката Вања се венчаа пред еден месец, а сега следуваше раскинувањето.
– Замина пред некој ден, сака развод. Ова трае долго време. Од самиот почеток не беше заинтересирана за брак. Не знам што да ви кажам. Нема причина, нема ништо. Немаше никакво неверство, ниту од моја, ниту од нејзина страна. Мене најголем шок ми е да сфатам сѐ – изјавил за Блиц.рс разочараниот Ненад.
Ненад на својот Инстаграм ги избриша сите фотографии со сопругата Вања, но ја отстрани и од социјалните мрежи.
Да потсетиме, Ша ја изневеруваше сопругата Ивана Алексиќ во „Задруга“ со Тара Симов. Љубовта меѓу Тара и Ша не траеше, па Симов набрзо се посвети на новиот партнер и на детето кое неодамна го добија, додека Ша среќата ја најде покрај Вања. Сепак, се чини дека и нивната љубов не издржа.
Фото: Принтскрин/Снежана Крстиќ