Радио Милева страсни бакнежи и прегратки

Уживаат на море: Пејачката Сара Јо и нејзиното момче уловени во жешка акција (фото) 

Уживаат на море: Пејачката Сара Јо и нејзиното момче уловени во жешка акција (фото) 

Поп-пејачката Сара Jо моментално се одмара во Црна Гора со своето момче Жиг Шотлар. Последните денови од топлиот август двајцата решија да ги поминат во Котор, во луксузен хотел.

Атрактивната пејачка редовно објавува фотографии на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм и со своите верни следбеници споделува како таа и Жига го поминуваат времето на одмор, а последното видео кое го објави го привлече вниманието на сите.

Имено, Сара го ставила телефонот на работ од базенот и снимила како таа и Жига разменуваат нежности во водата и се опсипуваат со страсни бакнежи и прегратки.

Пејачката во ова видео не ја тргна насмевката од лицето, а откако е во врска со словенечкиот танчер, многу нејзини обожаватели коментираат дека никогаш не ја виделе посреќна.

Да потсетуваме, Сара Јо неодамна имаше медиумска војна со колешката Милица Павловиќ, па дури се шпекулираше дека преку своето момче се обидела да го саботира настапот на Милица.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Сара Јо

To top