Радио Милева свети како сонце

Познатата актерка Ева Лонгорија во креација на познатиот македонски дизајнер (фото)

Познатата актерка Ева Лонгорија во креација на познатиот македонски дизајнер  (фото)

Ѕвездата на „Очајни домаќинки“ заедно со сопругот посетила хуманитарна забава, а за таа вечер избрала посебно модно парче.

Овој пат, Ева Лонгорија го привлече вниманието со креација на познатиот македонски дизајнер кој живее во Австралија, Тони Матичевски, а досега во негови креации прошетаа многу светски познати личности.

Актерката не пропушта прилика убаво да се забавува, а нејзините фотографиите на кои позира го обиколија светот за рекордно време.

–  Чест ми е што бев дел од една ваква убава ноќ и и ја доделив на Лорен Санчез заслужената награда за хуманост за нејзината дарежливост и посветеност да им помогне на семејствата на границите“ – стоеше во описот на фотографите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

Станува збор за жолт фустан кој внесе живост во изгледот на актерка  и особено ја истакна фигурата на познатата актерка.

Корсетираниот асиметричен модел, го истакна делот на рамената, а неговиот сирена крој, кој исто така завршува со асиметричен пад, ја следеше формата на телото и на многу елегантен начин го постигна ефектот на летен гламур.

Косата собрана во пунџа и нежен накит,  ја комплетираа оваа комбинација.

Ева го носеше фустанот креиран од рацете на македонскиот дизајнер Тони Матичевски кој пак со големо задоволство и чест сподели и на неговиот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TONI MATICEVSKI (@toni_maticevski)

Фото: Принтскрин/Инстгарам/Ева Лонгорија/Тони Матичевски/Профимедиа

To top