Радио Милева жестока караница

Катарина направила сцена: Еве што се случило во домот на Дарко Лазиќ откако бил пуштен од притвор

Катарина направила сцена: Еве што се случило во домот на Дарко Лазиќ откако бил пуштен од притвор

Во средата попладне во Земун, пејачот Дарко Лазиќ имал сообраќајна несреќа.

Сопругата на Дарко Лазиќ, Катарина, наводно му е лута на пејачот поради несреќата што ја предизвикал.
Како што пренесува Курир.рс, откако тој се вратил од рочиштето во Белград, двајцата имале жестока расправија при што таа му рекла дека повеќе не сака да ги трпи неговите испади.

Таа, како и неговата мајка Бранка, доживеала стрес кога видела фотографии и видеа од судирот во медиумите, но и кога дознала дека е однесен во полиција на распит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DARKO LAZIĆ (@darkolazicofficial)

– Катарина му кажа дека повеќе не сака да ја доведува во таква ситуација и дека повеќе нема да ги трпи неговите испади. Полуде, и тоа само неколку дена пред свадбата. Жестоко се поткачија. Дарко и ветил дека ќе води сметка во иднина и дека не треба да се грижи за него. Навистина ја нервираше автомобилот, често сама го возеше, а без него останаа сега кога им беше најпотребно – изјавил извор за медиумот.

Да потсетиме, во средата Дарко имаше сообраќајна несреќа, потоа му е одземена возачката дозвола поради казнени бодови.

фото:Инстаграм принтскрин

To top