Тори Спелинг беше сликана пред болница во Лос Анџелес во лоша состојба. Некогаш познатата актерка која живееше на висока нога, долго време има семејни проблеми, па дури и се сели од еден дом во друг, беше во долгови, а сега и нејзиното здравје е нарушено.
Странските медиуми ја фотографираа во четвртокот во инвалидска количка, а таа имаше видливи модринки по лицето и телото.
Сепак, не е познато зошто е хоспитализирана, иако претходно преку Инстаграм им се обрати на своите фанови.
View this post on Instagram
-Благодарна сум и толку горда на моите силни, храбри, издржливи и љубезни деца кои остануваат позитивни што и да се случи, напиша таа на фотографијата на која се гледа дека прима интравенска терапија.
Да потсетиме, неодамна повторно се појави веста дека Тори се разведува од сопругот Дин Мекдермот.
фото:Инстаграм принтскрин/ Splash News