Откако го роди своето трето дете, некогаш најзафатената манекенка прави се’ за да ја доведе својата фигура до совршенство и да се врати на модните писти на кои доминираше во претходните години.
Поранешната сопруга на Марко Јариќ двапати дневно вежба крос фит, драстично ја коригирала нејзината и онака доста ригорозна диета и оди кон својата цел.
Килограмите полека се топат, мускулите се враќаат во старата форма и отиде чекор понатаму, што љубителите на модата силно ја критикуваа.
Естетските корекции на Адријана Лима се ставка што според мислењето на многумина манекенката можела да ја прескокне, а причината е очигледна.
Убавата Бразилка наводно вбризгувала филери на делови од лицето за кои верувала дека ќе и ја подобрат убавината, но најверојатно претерала.
Ако ги погледнете нејзините претходни фотографии, како ден е јасно дека контурата на нејзиното лице сега е целосно променета и дека тоа нема врска со вишокот килограми после породувањето, туку исклучиво со филери и ботокс.
Доказ за тоа како таа сега изгледа се сликите направени на аеродромот во Сиднеј од каде се враќала со своето момче Андре Лемерс.
По враќањето од Австралија, манекенката беше фотографирана од папараците без трошка шминка.
фото:Инстаграм принтскрин/Профимедиа