„Тивката“ победничка на последната сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Славица Ангелова и по победата на најгледаното шоу, не е од оние учеснички кои „бомбардираат“ со се’и сешто – од приватност, до настапи.
Иако периодов настапува со рок составот „Дед соу“ на менторот Ѓорѓе Давид, за Славица ова лето ретко слушаме и гледаме објави.
View this post on Instagram
Но, како што вели во едно свое неоамнешно интервју, новитетите на музички план се попдготвуваат да септември, така што ова е како некое затишје пред есенска бура од активности.
Скромна, ненаметлива, а за некои дури и рамнодушна на победата, Славица очигледно се уште е во фаза на адаптација од она што и се случи.
Сепак, се уште сме лето, сите се по одмори, препуштени на релаксација и акумулирање на сончева енергија и витамин Д, а Славица во својата последна објава на Инстаграм вели дека токму тоа и недостига.
-Ми недостигаат овие дениови, ја опиша „Гранд“ ѕвездатѕа својата носталгија, односно потреба од уживање во бикини и препуштање на уживањето на плажа.
Веројатно работа за неа има доста и не е вистинското време за одмор на плажа како за сите останати.
Затоа излез и бегство кон својот мир, таа го најде во прошетка во природа, а тоа го сподели и на своите „стори“ од Инстаграм профилот.
Колку интензивно ќе биде она кое го најави и дали најпосле ќе ја видиме совземена и влезена во вистинската победничка улога, останува да почекаме за тоа што ни подготвила Славица Ангелова.
фото:Инстаграм принтскрин/Славица Ангелова