Радио Милева без лимит

Гас до даска: Седнете на совозачко со Иџе- видео од кое адреналинот до победа кулминира (видео)

Гас до даска: Седнете на совозачко со Иџе- видео од кое адреналинот до победа кулминира (видео)

За „кралот на ридските патеки“ Игор Стефановски –Иџе, оваа сезона во ФИА европскиот шампионат во ридско-брдски патеки, не ги броиме победите.

Иџе е незапирлив,  победата редовно оди рамо до рамо со него, а Македонија се гордее на својот шампин.

Секоја следна земја каде има закажана трка е нов предизвик, нова адреналинска тура за која тој едвај чека да ја искуси и да кулминира со трофејот во раце.

На последната и најнова трка во Швајцарија победникот веќе ви е јасно кој беше, а на социјалните мрежи Иџе за сите љубители на автомобилзмот и негови фанови, сподели адреналинско видео со перцепција од внатре од автомобилот.

Камерата беше позиционирана од место на совозачко, така што импресивното возење на Иџе можете да го почувствувате како да играте некоја видо игра.

-Знаеш ли како се станува шампион? Излегуваш на стаза ,држиш “фулгас”, и победуваш !- пишува победникот во описот.

Иџе е наша гордост, а веќе навикнавме дека од него може да очекуваме гас до даска до успехот.


Само напред шампионе!

фото:Инстаграм принтскрин/Игор Стефановски-Иџе

To top