Пред неполни два месеци, пејачката Наташа Беквалац физички беше нападната од својот сопруг Лука Лазукиќ.
Во меѓу време, таа стана и мајка, па семејните случувања не и донесоа ништо добро.
Медиумите не престануваат да пишуваат за случувањата поврзани со пејачката.
Покрај тоа што таа беше физички нападната, сопругот и ја одзема колата и поднесе тужба против неа барајќи да и ги врати парите што ги трошел по патувања и ресторани.
По сите, удари Беквалац почнува полека да оздравува. Таа наскоро ќе почне со настапи и ќе се врати на музиката.
Додека да се случи тоа, таа на Инстаграм сподели своја песна, „нема да ме боли каде и да удариш“ е стих од хитот „Најлоша“, а судејќи по текстот на песната очигледно Беквалац му праќа порака на својот се уште законски сопруг.
фото: стори