Радио Милева ништо не е случајно

Откриено што значат боите на новите албуми на Јелена Кралеуша: Зад секој колорит се крие јака симболика (ФОТО)

Откриено што значат боите на новите албуми на Јелена Кралеуша: Зад секој колорит се крие јака симболика (ФОТО)

Јелена Карлеуша во рок од седум дена објави два албума и со тоа ги собори сите рекорди на поп-сцената. Но, освен што нејзините песни на двата проекта се дијаметрално различни, сега е откриено што претставуваат доминантните бои на нејзините последни фотографии. И додека на албумот „Алфа“ на Јелена Карлеуша доминантни бои се црната, металната и неонско зелената, на „Омега“ се забележуваат белата и виолетовата боја. Сето тоа не е без причина, што прецизно го објасни еден обожавател на поп ѕвездата.

АЛФА: црна, метална, неонска. ОМЕГА: бела, стаклена, виолетова. Виолетова е ЈК на насловната страница на ОМЕГА, бидејќи е комплементарна/спротивна боја на неонот од АЛФА“ – објасни момчето, а неговата објава наиде на одобрение кај обожавателите.
АЛФА е метал бидејќи силна, ОМЕГА е стаклото – кршливост.


Неонот е привлечен, ГЛЕДАЈ МЕ, зафрканција, вајб, его трип.
Иако им е јасно веројатно за сите, но добро е да биде напишано, бидејќи гледам дека некои навистина не поврзале.


Исто така, низ стаклото (ОМЕГА) гледате; затоа има песни низ кои „гледате“ емоции.Ништо не можете да „видите“ низ металот. Звукот е „тежок“/непробоен. „Моите гради се како панцири“ итн. – појаснува човекот.


Од 18-те нови песни, досега има само еден спот и тоа за песната „Karlyb*tch“, а чинел неверојатни 250.000 евра, што го прави најскап на овие простори. Се’ друго е визуелизатор, а како што објасни најблискиот соработник и пријател на Јелена, Зоран Бирташевиќ, тоа е само вовед.

„Визуелизаторите не се замена за видео. Тие се вовед во Специјалниот ивент“ – напиша тој на Твитер. Инаку, фановите на социјалните мрежи шпекулираат и за можноста за трет албум на Јелена Карлеуша, но такви информации од неа и од нејзиниот тим засега нема.

Фото: Инстаграм/karleusastar

To top