Иако не е родена Македонка, Марина Тошиќ со години живееше и работеше во Македонија, пеејќи по ноќните клубови, дискотеките и локалите низ земјава, пред да реши да се пресели во Бугарија, каде се обиде да направи интернационална кариера, во што донекаде успеа како ексклузивка на најпознатата бугарска продукција „Пајнер“.
Во „Ѕвездите на Гранд“ не се прослави, и со ниту еден глас од жирито неславно ја заврши својата „домашна“ епизода, напуштајќи го бргу натпреварувањето. Но, затоа пак она што расната русокоса знаеше да го сподели на социјалните мрежи како егзибиција, провокација и голотија на која може да и за позавиди и една Карлеуша, долго време постојано ја ставаа во фокусот на интересот и вниманието и на публиката и на нејзините следбеници.
Кон крајот на 2022-рата и почетокот на ова година расната Марина одново се обиде да се врати во старото „Гранд јато“ каде што сними неколку нови песни ( „У 4 зида“, „Мама“, „Бакшиш“…), а истите ги визуелизираше со видеоспотови во нејзин стил.
Зачинети со доволно голотија и провокативни еротски кадри по кои никако не можете „да седите мадри“, зашто возбудата на аудиториумот го надминува разумот… Особено кај оној, од посилниот пол.
Сега „палавата“ Марина одново се решила за нова провокација. Овој пат славеничка…
Имено, расната русокоса убавица „денот што го чекаме цела година“ решила да го овековечи со роденденска еротика.
Сакајќи да ги спои убавото и полезното, пејачката ја истурила сета своја раскошна телесна чудесија во гламурозна роденденска, еротска фотосесија.
Телесен раскош кој плени и пали, во бела постела, секси корсет и раквици од провидна црна тантела, со шампањско и роденденска торта, Марина уште еднаш покажа дека е посебна сорта.
Убавица со стил и неодолив сексапил кој мами, милува и дразни… Налик на циркуска јавачка, јавната на перница подготвена за „роденденско еротско родео“.
Телесен раскош зачинет со гламурозна еротика во возбудлива роденденска фотосесија на расната блондинка, која овој пат налик на модерна Мерлинка буди безброј копнежи кај илјадници и само една желба: Што би дале да с(т)е покрај убавицата на местото на перницата?!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/marinatosicofficial