Радио Милева весела и насмеана

Јелена Карлеуша ги дувна свеќичките: Пејачката со две торти, а едната со силна симболика (фото)

Јелена Карлеуша ги дувна свеќичките: Пејачката со две торти, а  едната со силна симболика (фото)

Пејачката Јелена Карлеуша го прослави 45 -от роденденот во својата луксузна вила на Дедиње, каде ги собрала семејството, најблиските пријатели и соработници.

Последниве денови Јелена Карлеуша има што  да прослави, а покрај роденденот пејачката по 11 години објави и 11. албум „Алфа“, а потоа најави издавање на уште еден албум, 12-ти по ред, „Омега“.

Целата околина пред базенот беше уредена во алфа стил, а Јелена имаше дури и две торти од кои ги дуваше свеќите со својот нов „Karly b**ch“.

Едната торта е во форма на планета, на чиј врв беше фигурата на Јелена, додека другата е подискретна, но и со фигура на нејзиниот лик од спотот за истоимената песна.

Сепак, најголемо внимание привлече самата Јелена, која беше облечена во долг златен, металик фустан, додека гостите уживаа во песните од албумот „Алфа“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Јелена Карлеуша

To top