Македонскиот поп пејач Маријан Стојаноски на големо е посветен на проширување на семејството.
Сега Маријан ќе стане татко по третпат.
Имено, пејачот кој веќе има син и ќерка со нетрпение го чека третото дете.
Неговата сопруга Наташа е во поодмината бременост и наскоро треба да се породи, а во едно интервју пејачот обзнани дека полот на бебето воопшто не им е важен.
– Наташа е во 8-от месец од бременоста. За полот не прашуваме, што даде Бог, тоа. Само да сме живи и здрави.
– Ние сме веќе подготвени и го чекаме бебето“.
Стојаноски во јули 2020 година стана татко на женско бебе и за првпат се резлизираа како родители со неговата сопруга Наташа Каранџулоска.
Парот доби ќеркичка за која го одбраа името Вероника. После една година Наташа на свет донесе машко дете, а пејачот објави дека синот ќе се вика Петар.
За третото сѐ уште не го знаат полот па, за името ќе одлучат штом ќе го видат.
Фото: Принтскрин/Фејзбук/Маријан Стојаноски