Мегафон

На „Охридско лето“ вечерва концерт на нашата пијанистката Мимоза Ќека

На „Охридско лето“ вечерва концерт на нашата пијанистката Мимоза Ќека

Годинешната фестивалска програма „Охридско лето“ ја продолжува со содржина од музичкиот дел, со концерт на нашата реномирана пијанистка, Мимоза Ќека.

Мимоза Ќека на 26-годишна возраст се стекнува со титулата доктор по музичка уметност при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје под менторство на проф. Тодор Светиев и проф. д-р Димитрије Бужаровски. Врз нејзиниот професионален и уметнички развој силно влијаaт повеќемина исклучителни уметници вклучително маестра Лилија Зилберштајн, под чие менторство ги завршува магистерските студии и се стекнува со диплома Магистер по музичка уметност.

Пијанистката Ќека настапува како уметник – изведувач на рецитали, како член на камерни ансамбли, пијано дуо и со симфониски оркестри. Нејзините интернационални гостувања вклучуваат концерти и солистички рецитали во Прага, Рим, Париз, Милано, Трст, Сиена, Бристол и Њујорк. Настапува на Летниот фестивал во Сиена, на Интернационалниот франкофонски фестивал „Солел“, a редовно настапува и на домашната сцена на фестивалите: „Есенски музички свечености,“ „Златна Лира” и Денови на македонска музика. За нејзините изведба критиката вели дека се одликуваат со „јасна и сугестивна творечка имагинација, со прецизно изработен динамички, артикулациски и ритмички план и извонредно изградена пијанистичка техника…“, како и дека „фасцинира со емоционалната и физичка сила, а вулканската природа – очигледен столб врз кој таа со необјасниво лесен пристап ја совладува генијалната уметничка природа на Лист… “.

Нејзиниот репертоар се протега од барок до современи автори, изведувајќи широк спектар на музички дела. Во 2022 година, Мимоза Ќека го издава својот соло албум „Non-Fungible“ со музика од Бах, Скрјабин и Барбер.

Пијанистката Ќека е носител на десет високи државни и меѓународни награди и признанија на натпревари во Италија, Франција, Србија, Босна и Херцеговина и С. Македонија и има настапувано на голем број мајсторски курсеви во престижни музички академии меѓу кои Академија Киџана во Италија. Во 2019 година таа учествува во проектот TEME (Транснационален европски музички претприемач) во Италија, дел од програмата „Music Moves Europe“.

Вчеерашниот концерт ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот, а на програмта се дела на Бетовен, Јаначек, Шопен и Лист.

Извор: Макпресс

To top