Радио Милева

Ќе имаат втора шанса: Mартинијан и Огнен се враќаат во „Ѕвездите на Гранд“?

Ќе имаат втора шанса: Mартинијан и Огнен се враќаат во „Ѕвездите на Гранд“?

Во регионалното  музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ секоја година имаме прилика да гледаме различни музички кандидати од Македонија.

Во сезоната 2017/2018 нашите претставници беа Мартинијан Кириловски и Огнен Здравкоски кои успеа да стигнат до петиот круг и да испаднат пред самото финале на музичкото шоу.

https://www.youtube.com/watch?v=op5mU12WXh4

https://www.youtube.com/watch?v=Ok5vPHyPFfo

Деновиве во Македонија се одржа аудиција за „Ѕвездите на Гранд“ за новата сезона која ќе започне во септември.

Саша Поповиќ ја искористи оваа прилика да прозбори за испаѓањето на Огнен и Мартинијан.

„Двајцата ќе се натпреваруваат следната година. Тие се најдобрите претставници на Македонија.  Мислам дека уште година, посебено за Огнен, добро ќе им дојде. Некои натпреварувачи ќе дојдат до крајот, ќе ја згрешат песната, ќе исчезнат и никаде ќе ги нема. Вака тие повторно ќе бидат на телевизија и мислам дека следната година имаат големи шанси, изјави Саша Поповиќ за Канал 5 телевизија.

Тој истакна дека следната сезона ќе биде различна, ќе има сосема ново и различно случување. Исто така, тој потенцираше дека на аудицијата оваа година имало многу добри кандидати  и ќе бидат избрани отрпилика околу 40-тина.

Претходната година победник на регионалното музичко шоу беше охриѓанецот Ристе Ристески.

To top