Радио Милева замрсени конци

Шакира на мирува: По разделбата со Пике ја поврзуваа со Хамилтон, но таа го улови бившиот на Џеј Ло (фото)

Шакира на мирува: По разделбата со Пике ја поврзуваа со Хамилтон, но таа го улови бившиот на Џеј Ло (фото)

Пејачката Шакира е главна тема на таблоидите последните неколку недели. Прво се пишуваше дека е во врска со Формула 1 возачот Луис Хамилтон, а сега фрли око на раперот.

Шакира и Дрејк се фотографирани како заминуваат од приватна забава заедно во Лос Анџелес околу 4:30 часот наутро. Извори од местото на настанот наведуваат дека тие флертувале и дека канадскиот рапер е новото момче на пејачката.

А каде е Луис Хамилтон во целата приказна? Шакира и еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1 летово беа фотографирани како поминуваат време на јахта, а беа заедно за време на Големата награда на Британија. Меѓутоа, медиумите сега пренесуваат дека меѓу нив не се случува ништо повеќе од „убаво пријателство“.

Да потсетиме, Шакира минатата година објави дека се разведува од Жерар Пике, а парот моментално се бори за старателството над синовите Милан и Саша.

фото:Профимедиа

To top