Откако тизерот за новиот албум на Јелена Карлеуша ги запали сите социјални мрежи и се појави на билбордите низ цел Белград, поп дивата денеска ја претстави насловната страница на „Алфа“.
Бидејќи фановите го чекаа овој момент цели 11 години, од нејзиниот последен албум „Дива“, реакциите се очекувано – феноменални.
View this post on Instagram
– Ни го честитам почетокот на новата ера – напиша Карлеуша на „Инстаграм“ и најави дека сите песни ќе им бидат достапни на фановите во недела на 13 август, кога и официјално ќе започне новото поглавје во кариерата на Карлеуша.
View this post on Instagram
За овој проект она што е познато е дека Карлеуша е новата ексклузивка на издавачката куќа „Universal music group“, дека изминативе два месеци напорно работи на спотови и дека се очекува поместување на границите на шоу бизнисот.