Ќерката на танчерите Слаѓа Делибашиќ и Ѓоле Ѓогани, Силвија моментално ужива на море, од каде ги израдува своите следбеници со фотографии на кои ги истакнува своите заносни облини.
Имено, Силвија објави видео од морето како скока во вода, а потоа ја спушти камерата во морето и го покажа задникот во костим за капење, каде се гледаа и тетоважи.
Таа потоа објави фотографија, а следбениците на социјалните мрежи забележаа дека наследничката на Ѓоле, очигледно, си поигрувала со фотошоп. Позираше во син костим за капење, а колку си поигра со фото-шоп проценете сами.
Приватниот живот на Силвија, инаку, со години ја интригира јавноста. Таа неодамна за прв пат јавно сподели голем број детали од својот живот, а проговори и за разводот со Бранислав Мариновиќ.
– Тој е мојата љубов од средно, во тој период беше или тој или никој, што е прекрасно, но кога жената преку ноќ ќе добие дете, станува зрела, гледа на работите од поинаков агол од мажите. За жал, брзо се разведовме, но сега сме најдобри пријатели – рекла таа за „Нова“ и откри дали и било тешко да се разведе:
– Не ми беше тешко, ако донесам одлука знам што ме чека после тоа, свесна сум за последиците и искрено не ми беше тешко ниту еден ден. Мислам дека е многу подобро кога ќе видиш дека со некого не ти оди, тоа да го правиш додека е детето мало, додека детето не се навикне на целото семејство, на таткото како машка фигура.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/дјоганисилвија