Канје Вест (46) и неговата нова партнерка, Бјанка Ценсори (28), со која наводно се оженил, често по улиците на Лос Анџелес шетале во бизарни модни комбинации. Сепак, она што во САД е нешто нормално, предизвикало бурни реакции во Фиренца, пишуваат „Дејли меил“.
Наводно, Италијанците биле налутени од Бјанка, која шетала низ главниот град на Тоскана во проѕирна маица која ѝ ги откривала брадавиците. Нејзиниот моден избор бил наречен „невкусен“ и „дегутантен“.
Покрај маицата, таа облекла и беж хулахопки, додека косата ја покрила со кафена ткаенина.
„Апсолутно невкусна и ужасна комбинација. Не ми е гајле како таа се облекува, но тоа треба да постои некој кодекс. Мислев дека Италија е една од многуте европски земји каде што можете да бидете казнети поради несоодветно облекување“, напишал еден Италијанец на социјалните мрежи.
Многумина истакнале дека италијанската култура не е иста како она во Мајами или Лос Анџелес и дека таквото облекување е целосно неприфатливо. На сметка на познатиот пар биле упатени и бројни навреди.
„Вакво „ѓубре“ во Италија не ни е потребно“, напишал огорчен корисник на социјалните мрежи.
Да потсетиме, ден претходно, Бјанка низ градот прошетала во хулахопки, горен дел од костим за капење, а најмногу бизарно од сè е тоа што на нозете била боса.
фото: Cobra Team/ Backgrid