Убавите дестинации на кои патува за неа не се непознати, а овој пат одлучи топлите денови да ги помине во Турција.
Миа Костова е една од најактивните инфлуенсерки во Македонија, а сега таа заедно со синот Андрија, Тијана Скулиќ и миленичето заминаа на песочните плажи во Ердек.
По пристигнувањето со нејзиниот автомобил, таа ги објави првите фотки од плажа. Но и кој најмногу и се израдувал на водата.
„Пет часа е во вода“ – напиша таа на фотографијата која ја објави.
Но, малку потоа даде и доказ за тоа што го напиша.
Имено, рацете на нејзиниот син Андрија се до толку набабрени што сите ќе се зачудат.
Таа на шега напиша дека и тоа му било малку, можел да седи уште па, веројатно морала да интервенира.
Сите се забораваме и остануваме подолго во вода, но уште кога е топла и пријатна на задоволството му нема крај.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Миа Костова