Александра Пријовиќ е една од најактуелните пејачки на поп-фолк музиката.
Како и нејзините колешки Теа Таировиќ и Милица Павловиќ, сними албум со кој одлично се снајде, па настапува по клубови.
Таа неодамна закажа втор концерт во белградска арена, а нема да и биде тешко да дојде и до третиот.
„Порано знаев да работам 15 дена по ред. Кога сакаш нешто, ништо не е тешко. Особено кога се работи за ваков успех. Дури и да има шест Арени, јас би можела да го направам тоа“, рече Александра.
Александра овој пат откри каде најмногу сака да пазарува, а нејзините зборови секако ќе изненадат многумина.
„Кога бев дете секогаш го купував она што можев да си го дозволам во тој момент. Го сакам тоа што денес можам да купам сè за себе и да си дозволам некои работи кои можеби ќе бидат поскапи. И тоа никој не може да ми го пренесе. Имам работи и од 100 динари. Еве, сега ќе ви признаам нешто, но најискрено. Моите пријатели го знаат ова: моите омилени продавници се кинеските. Морам да го кажам тоа“, изјави Прија за Курир.рс
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Александара Пројовиќ/Aта Имаџес