Фудбалерот Немања Гудељ веќе подолго време ужива во љубовта со Анастасија Ражнатовиќ, со која се сврши деновиве.
Имено, Немања Гудељ стана препознатлив по карактеристичниот имиџ. Долга коса, впечатливо коњско опавче и голем број тетоважи по целото тело.
Гудељ е роден во Холандија, каде што неговиот татко Небојша Гудељ играше фудбал, а таму ја започна својата кариера. Сепак, познатиот спортист тогаш изгледаше многу поинаку.
Немања тогаш немаше толку многу тетоважи на телото. Ги црташе со текот на времето, во текот на неговата кариера.
Исто така, во почетокот на кариерата не носел ни брада, а поради тој детаљ изгледа сосема поинаку од денес.
Тој веќе почесто ги менуваше фризурите, па имаше различни фази со долга, но и со пократка коса.
Додуша, со оглед на тоа што неодамна се потстрижа по трансплантација на коса, тој се уште ја има најкратката фризура откако го познаваме.
Да потсетиме, Анастасија наскоро ќе го смени моминското презиме и ќе го земе презимето на својот избраник, што природно тоа го прифати и нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ.
– Според српските обичаи, така треба да биде. Го зедов и презимето на маж ми, зошто таа не? Сосема е ок, ја поддржувам – изјави фолк дивата.
фото:instagram printskrin/Alo.rs