Радио Милева безбедност на ниво

Хаос во Улцињ поради Цеца: Интервенирала антитерористичка единица, а бил затворен и делот каде таа треба да пее (фото)

Хаос во Улцињ поради Цеца: Интервенирала антитерористичка единица, а бил затворен и делот каде таа треба да пее (фото)

Цеца Ражнатовиќ изминатиот викенд пристигна во Црна Гора каде што настапи во Улцињ.

Пејачката не крие дека е возбудена поради тоа, особено што за прв пат настапува во овој град.

А дека организаторите ништо не препуштаат на случајот говори и тоа што на „Голема Плажа“ дошла и антитерористичката единица на Црна Гора да провери дали е се’ во ред.

Во текот на денот била прегледана целата плажа и повеќе од 50 припадници на антитерористичката единица со кучиња го провериле делот околу местото каде Цеца има концерт.

На кратко беше затворен и самиот ресторан кој се наоѓа на плажата каде што настапува.

Инаку, Цеца не бараше посебни безбедносни мерки, а концертот беше распродаден и има голем интерес.

фото:Инстаграм принтскрин/Цеца

To top