Познатата македонка актерка со хрватска адреса, Јелена Јованова ниту во лето не мирува на професионален план.
Ако до неодамна низ Балканот заедно со Сашко Коцев пред публиката го промовираа „Нешто слатко“, Јелена во меѓувреме работеше и на нов кратометражен филм.
Станува збор за куса македонска филмска приказна насловена „Еден тон сладолед“ во режија на Сандра Ѓоргиева, а беше прикажан на 14 јули во киното „Фросина“ на МКЦ на програмата на Cinedays Festival of European Film .
Филмот е наменет за возраст над 14 години, а играат: Јелена Јованова, Бодан Киранџиски, Јелена Иванова. Филмот на „Охо продукција“.
Јелена не ги остава празни ниту профилите на социјалните мрежи, па ако има ново за љубителите на филмот, има ново и за следбениците на Фејсбук и Инстаграм каде понуди една несекојдневна фотографија каде е во ултра секси и женствено издание во црно-бела техника.
Миниmалистичка комбинација од која е стилизирана во црни килоти и црн градник, заокружено со сако и мрежести хулахопки. Без доза на вулгарност, со поза на железничка станица и малку зачин на еротика кој Јованова тоа перфектно знае да го донесе.
Како и секогаш маестрална во улогата која треба да ја изнесе пред објектив, па и кога себе си сака да се претстави во едно малку поинакво светло.
фото:Јелена Јованова Фејсбук/Инстаграм/Јутјуб принтскрин/ Erina Bogoeva