Радио Милева јасен поглед

„На 13 години имав комплекс“: Водителката Александра отворено за недостатокот и она што денес го носи со стил (фото)

„На 13 години имав комплекс“: Водителката Александра отворено за недостатокот и она што денес го носи со стил (фото)

Позитивната енергија е фереквенцијата која редовно вибрира околу ТВ водителката Александра Пановска Илиевска. Позитивниот поглед на нештата и насмевката се нејзиното прво нешто за добро утро.

Во една од своите најнови Инстаграм објави Александра откри дека како тинејџерка во детството, како и повеќето на таа возраст имала комплекс од својот недостаток во однос на видот.

Тогаш морала да носи очила за вид кои не ги сакала, а денес иако живееме во модерно време кога тука се и контактните леќи, Александра очилата за вид ги носи со стил.

Помагалата за подобар вид се дел од нејзиниот визуелен печат, а кога нештото го носиме токму со мислата дека изгледа убаво, таква енергија и зрачиме.

-На 13 години очилата ми представуваа комплекс, денес ми се стил, пишува Александра во објавата каде ја споменува и оптиката од каде го прави вистинскиот избор.

Дека е задоволна и исполнета со тоа што го има на себе, а недостатокот го претворила во предност, односно дел од имиџот, покажуваат многуте фотографии кои деновиве ги објавува каде позира со новите очила.

На крај, позитивниот поглед кон нештата и аголот од кој сакаме да ги гледаме, е она најважното.

To top