ТВ водителката на кулинарското шоу „Брза кујна“ се повеќе покажува модни афинитети, се фотографира за одредени брендови, а не ретко знае да се покаже на Инстаграм во стилско издание поинкво од она на кое сме навикнати да ја гледаме на телевизија.
Природна, шармантна и едноставна со свој посебен печат од кој го претпочита природното. Кога е модата и трендовите во прашање, Сања деновиве ја мачи една дилема – модна.
За пример ја зема партнерката на славниот Роналдо, Џорџина Родригез фотографирана на јахта во жолта комбинација, а во фокус црна бренд чанта која е подотворена.
Токму овој момент и постави прашалници на водителката која сакаше да биде во тек, па ги праша следбениците што е поентата? Одговор доби веднаш, и тоа не еден туку повеќе.
„Нема поента“, „Зарем ти не знаеше?“, „Одамна сум била во тренд“, беа само дел од реакциите, на што Сања наедно доби одговор дека за тоа да изгледа убаво, или чантата едноставно е изработена така, со трик момент, а и за поефективна реклама, може да се видат и вакви примери.
Дилемата разрешена, а нашата водителка претпочита да носи чанта како што треба и никако поинаку, па и дека не мора да се биде роб на трендовите.