Радио Милева камена куќа со современ стил

Ѕирнете во луксузната вила на Нина Бадриќ – пејачката ужива на Хвар (фото)

Ѕирнете во луксузната вила на Нина Бадриќ – пејачката ужива на Хвар (фото)

Хрватската пејачка Нина Бадриќ сподели со своите следбеници како изгледа нејзината куќа на Хвар.

Камената куќа зрачи со луксуз и гламур, а ништо помалку не очекувавме од поп дивата.

Елементите се во стар стил, а судејќи по фотографиите, Бадриќ обожава цвеќиња кои ги комплетираат речиси сите соби во домот:

Претпоставуваме дека ужива со пријателите кога има слободно време, со оглед на тоа што тврди дека нема партнер.

Да потсетиме, пејачката секогаш кога ќе се појави, привлекува внимание со својата харизма и  шарм, а така беше и неодамна кога се појави на еден настан.

Сепак, не освојува само со нејзината харизма, туку и со нејзиниот стас, особено сега кога ослабе многу, дури 20 килограми.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Антонио Ахел/Ата Имаџес

To top