Барби манијата го зафати светот, а изгледа на неа не и одолеа и македонската пејачка со руско потекло Викторија Лоба.
На нејзиниот профил на Инстаграм таа објави неколку фотографии на кои позира во розево издание кое овој пат беше испирација од најпознатата куклата на светот на сите времиња, русокосата Барби.
Лоба со години е на музичката сцена и секогаш ги следи трендовите, без разлика дали се работи за музика или мода, а тоа беше случај и сега.
Пејачката ги воодушеви сите со нејзиното модно издание, покажувајќи дека и таа е заразена од популарниот тренд “Barbiecore”.
– Ајде Барби, ајде да одиме на забава – Облека инспирирана од Барби – напиша таа на објавата.
View this post on Instagram
Уште откако се појавија првите фотографии од снимањето на филмот „Барби“, „розе трендот“ стана уште попопуларен, а сега кога филмот е веќе во кината, модниот тренд е на својот врв.
Се чини дека и Google е воодушевен од него и реши да ги изненади љубителите на филмот. Па, кога ќе напишете Барби во пребарувачот на Google, првото нешто што ќе ви се појави се трејлерите и страниците поврзани со самиот филм, а потоа следи изненадување – целиот екран ќе ви стане розов и ќе ви излезат розови ѕвезди.
Инаку, претходните денови ширум светот се одржаа премиери на филмот „Барби“ во кој главните улоги ги толкуваат Маргот Роби и Рајан Гослинг. А, филмот е на репертоарот на „Синеплекс“ во Скопје од 20 јули.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Викторија Лоба