Луѓето ги гледаат водителките на вести само до половината, па тие изгледаат многу дотерани и строго стилизирани.
Сепак, често сме биле сведоци на видео снимки како од наши така и од странски ТВ водителки, на кои се гледа што всушност се крие „под ТВ пултот“, бидејќи тој дел од телото често не е „променет“ во облека слична на онаа што ја носат „на рамениците“.
Сега можеме да видиме како тоа изгледа во случајот на една српска ТВ водителка, убавата Оливера Чоловиќ. Нејзин колега од ТВ Пинк ја снимил од птичја перспектива додека била во програмата и јасно се видело од кадарот дека одозгора е облечена строго елегантно, а она што се гледа под масата е шокантно… Жива бламажа! Тесно припиени виолетови велосипедски шорцеви и гумени папучи за на плажа!
Или што би рекле до половина средена како дама со сиот гламур, а од половина надолу – “параспур“… како за на панаѓур!
„Госпоѓетина“! – напишал колегата на Оливера, па додал неколку емотикони што „плачат од смеа“, а приказната ја сподели и на својот Инстаграм профил.
Фото: Инстаграм/oliveracolovic