Музичарот Роберт Спасенцовски, сопругот на македонската пејачка Антониа Гиговска, честеше мекици по повод раѓањето на нивниото синче Киан.
Сношти ( понеделник, 17 јули 2023) музичарот направи прослава во една скопска кафеана, каде со жива музика, ора и песни славеше заедно со семејството, пријателите и роднините.
Во еден момент тој на тазе породената Антониа ѝ ја посвети песната „Ја без тебе не могу да живим“ од Халид Бешлиќ.
Среќниот татко, пееше цела вечер, а на социјланата мрежа постојано објавуваше видеа и фотографии од веселбата.
А со песна славеше и свекорот на Антониа, фолк пејачот Боби Спасенцовски.
Гостин беше и долгогодишниот соработник на пејачката Антониа, шминкерот Даниел Николовски, кој исто така објави фотографија од мекиците.
Па, додека нејзините најблиски споделуваа фотографии од веселата вечер, мама Антониа објави фотографија од приватната болница каде што се породи, каде е нашминкана и средена и веќе се подготвува секој момент да си замине дома.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Антониа Гиговска/Џокер93