Радио Милева Танцот на ѕвездата

Даниел Кајмаковски гол до појас во празен ресторан: Вака пејачот синчето го заспива или го учи да танцува? (ВИДЕО)

Даниел Кајмаковски гол до појас во празен ресторан: Вака пејачот синчето го заспива или го учи да танцува? (ВИДЕО)

Летните горештините секој ден сѐ се посилни, а за спас од нив сите бегаат каде ќе најдат слободно место покрај вода или дебела ладовина.

Македонскиот победник на Икс-Фактор и поранешен евровизиски претставник, Даниел Кајмакоски, го направи токму тоа и викендов замина заедно со семејството во еден ресорт за одмор покрај Крагуевац.

Неговата тазе сопруга Марина пред три месеци се породи и на свет го донесе наследикот Стефан поради кој тие двајцата сега се во облаци од среќа, а пејачот во секоја прилика гордо го покажува.

Па така, овој пат заедно со синчето во топла прегратка, Кајмакоски објави подолго видео со кое го привлече вниманието на јавноста.

Гол до појас во празниот ресторан во ресортот каде што престојуваа се снимил како танцува, а во рацете нежно го држи наследникот.

Дека Кајмаковски е во облаци од среќа и со неописливо чувство од убавина покажа и сега, како вистински уметник со искувството во танцувањето.

Синчето Стефан беше тој  кој сега го натера и да заигра под ладовина за да го оттргне малечкиот од неподносливата горештина.

Единствена дилема е која беше неговата цел,  дали само го заспива или го учи да танцува?!


Фото: Принтскрин/Инстаграм/Даниел Кајмаковски

To top