Автобиографијата на пејачката ќе биде објавена на 24 октомври.
Книгата се вика „The Woman In Me“, наслов инспириран од нејзиниот хит „I’m Not a Girl, Not Yet a Woman“.
„Уверливото сведочење на Бретни на суд го потресе светот, ги промени законите и ја покажа нејзината сила и храброст“, изјави за People Џенифер Бергстром од Gallery Books, која ќе ги објави мемоарите на пејачката.
„Не се сомневам дека нејзините мемоари ќе имаат слично влијание. Тоа ќе биде издавачки настан на годината. Не можевме да бидеме погорди што и помогнавме конечно да ја сподели својата приказна“, додаде таа.
Бритни ја сподели објавата на своите профили на социјалните мрежи, но сè уште официјално ја нема објавено книгата.
View this post on Instagram
„Во јуни 2021 година, целиот свет ја слушаше Бритни Спирс како зборува на суд. Влијанието на нејзината вистина беше непобитно и го промени текот на нејзиниот живот и животите на безброј други. „The Woman In Me“ за прв пат го открива неверојатното патување и силата на еден од најголемите изведувачи во историјата на поп музиката“, стои во најавата на книгата.
Многумина коментираат дека оваа книга повторно ќе разгори хаос меѓу членовите на семејството на пејачката.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ројтерс