Пејачка Антониа Гиговска и музичарот Роберт Спасенцовски станаа родители за прв пат.
Синоќешната тишина на профилот на социјалните мрежи кој остана без ниту едно ново „стори“ како да ја наговести денешната голема радост на естрадно – брачната двојка и новните семејства.
Македонската пејачка Антониа Гиговска денеска на свет донесе машко бебе, а убавата вест веднаш ја сподели избраникот на Антониа, Роберт Спасенцовски кој со возбуда напиша:
– Станав татко. Фала ти господе за оваа среќа.
Под неговата објава се нижеа честитките од следбениците, пријателите и колегите кои беа во исчекување.
Младата пејачка Антониа, во текот целата бременост беше активна трудница, а во јавноста го споделуваше секој момент од почетокот на бременоста.
Породувањето се случи во една приватна болница во Скопје, а Антониа Гиговска уште неодамна откри дека очекува машко бебе.
Честитки, да е жив и здрав!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Фејзбук