Радио Милева спремна

„Заштити го својот мир“: Антониа Гиговска е ултра згодна трудница која веќе се подговува за наследникот (фото)

„Заштити го својот мир“: Антониа Гиговска е ултра згодна трудница која веќе се подговува за наследникот (фото)

Од денот кога Антониа Гиговска го објави радосниот момент дека ќе стане мајка, таа не престанува да ужива фотографирајќи го нејзиното стомаче и тело кое веќе е подготвено за новата животна улога – мајка.

Пејачката, според најновите фотографии е спокојна во бременоста, а неодамна гордо позираше пред огледало истакнувајќи го стомакот во тесен фустан, издание со кое предизвика многу коментари од кои доста и негативни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Од приложеното се гледа дека  Антониа пред крајот на бременоста е ултра згодна трудница која расте само во стомачето без да обрнува внимание на околината но, хормоните работат па понекогаш потребно е да се дистанцира од сѐ што го нарушува нејзиниот спокој.

Таа се пронајде во една мисла на Инстаграм и  неа ја закачи на нејзиниот профил со која покажа дека веќе мора да се пази од околината што повеќе и да внимава да си го заштити сопствениот мир.

– Заштити го својот мир – на англиски јазик стоеше позитивната мисла која Антониа ја веќе почна да применува.

Каучот за попладневна дремка веќе е спремен, а Антониа пак, подготвена да се релаксира со филмче за кое побара совет од следбениците.

А, сега  нејзиниот профилза прв пат  остана тивок, без ниту едно ново „стори“ што не беше случај до сега.

Фото: Инстаграм/antoniagigovskaa

 

To top