Радио Милева тежок живот

Грижлива и пожртвувана: Мајката на Кејт Мидлтон пораснала во дом, сакала да биде учителка, а потоа започнала сопствен бизнис (фото)

Грижлива и пожртвувана: Мајката на Кејт Мидлтон пораснала во дом, сакала да биде учителка, а потоа започнала сопствен бизнис (фото)

Идната англиска кралица Кејт Мидлтон (41) важи за стилска икона во светот на сината крв. Сепак, иако има професионален советник и е научена како да се однесува во јавноста, очигледно е дека има вродена елоквентност и шарм. А тоа, слободно можеме да кажеме, го наследила од нејзината мајка Керол.

Керол Мидлтон (68) е вистинското олицетворение на тоа како еден претприемач треба да се однесува во светот. Таа живее на високо ниво и е редовен гостин на разни настани кои ги организира кралското семејство, но вистината е дека животот не бил многу љубезен кон неа. Таа е родена во Перивал, но пораснала во Лондон. Нејзиниот татко бил градежен работник, а нејзината мајка работела со скратено работно време во продавница за накит.

Како што изјавила во едно интервју во 2018 година, поминала одредено време во некаков дом за деца што владата го изградила за работничката класа. Нејзините родители не можеле да си го дозволат факултетот, па таа била во тој дом. Сакала да стане учителка, но тој сон не и се остварил. За жал, веќе на 16 години морала да го напушти училиштето и се вработила во воздухопловна компанија каде работела како стјуардеса. За време на таа работа го запознала својот сопруг Мајкл Мидлтон. Сакала да започне живот надвор од малата средина, но заедно решиле да останат во индустриска зона недалеку од аеродромот Хитроу и среќата ја нашле на село.

Непосредно пред петтиот роденден на ќерката Кејт, таа одлучи дека сака да се занимава со бизнис. Имено, додека купувала украси за забавата на ќерка си, ѝ дошла идеја да отвори компанија која би го правела токму тоа: да го произведува потребниот материјал за забави и родендени. Кога направила прототипови на се што замислила и ги однела кај некои трговци – тие ја одбиле. Затоа почнала да прави се сама, а бизнисот почнал дури кога почнала да плаќа за реклами во детски списанија.

По некое време, таа почнала да продава и онлајн. Денес нејзината компанија вреди околу 40 милиони долари, пишува „Мирор“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Профимедиа

To top