Радио Милева домаќинско-хигиенски навики

Снеже Велков ја „имаше снемано“, па откако се врати од одмор, со фалење и мераци имаше нешто конкретно да соопшти: „Влегуваме во трет месец“ (ФОТО)

Снеже Велков ја „имаше снемано“, па откако се врати од одмор, со фалење и мераци имаше нешто конкретно да соопшти: „Влегуваме во трет месец“ (ФОТО)

Македонската ТВ водителка и сега веќе екс-пилатес инструкторка Снеже Велков како и повеќето од ТВ етерот прави пауза со својата интересна емисија. „Нешто конкретно“ не се снима, на ТВ фреквенцијата на која се емитува одат репризи, па бидејќи сега не е толку зафатена, ангажирана и „бизи“, русокосата убавица најде време да си даде малку оддишка.

Се разбира топлото време беше дополнителен мотив да се избега од пеколната скопска бетонска џунгла и да  замине некаде покрај вода за да ги ревитализира и телото и душата, наполни батериите, комплетно да се одмори и опушти.

И откако мина одреден број денови на одмор, односно откако накусо ја „имаше снемано“ се припојави на социјалните мрежи колку сите да знаат дека „се има вратено“… До душе на баш нешто исончана и поцрнета, ама таквите како неа бели како пресно сирење тешко фаќаат тен, та биле на сонце и по цел ден. Може само да поцрвенат и изгорат, па затоа и тоа малку боја е доволно.

А кога веќе не е на својата, тогаш вака освежена Снеже најде време да дојде на гости во емисија кај своите колеги… Утринската програма иделна можност кај колегата Ненад Георгиевски водителката да ги покаже и своите готвачки квалитети.

Зашто нели, водителка е на телевизија, ама дома во кујната, Снеже неретко покажува дека е вредна домаќинка.

А за домаќинките знаете како велат оние постарите, повозрасните и поискусните… За нив синоним за вистинска жена е светото тројство: „Домаќинка во кујната, госпоѓа на улица, љубовница во спалната“… Впрочем сето тоа е домаќински, па затоа и со она што Снеже Велков се пофали на своите Инстаграм приказни многумина помислија дека водителката меѓу сите професионални обврски, нашла време да ги круниса и оние „домаќинските“ од последната ставка на „светото тројство“.

Со испружена рака и три раширени прсти Снеже со фалење и мераци на јавноста и соопшти нешто конкретно, чија поента е: „Влегуваме во трет месец“! И таман сите помислија она што секој би го помислил, па некои дури и беа спремни да честитаат, водителката реши докрај да ја покаже големата слика и појасни работата, комплетирајќи ја мислата:

„Моите неизгрицкани пораснати ноктиња“!

Кој знае дали ова влегува во домаќински, ама затоа сигурно влегува во здрави хигиенски навики! Или да појасниме: Снеже Велков не е трети месец трудна, ама речиси три месеци повеќе не е ни „со прстот в уста“!

Фото: Инстаграм/velkovsneze

 

To top