„Гнев“ е прва песна на составот „Conspiracy“, кој го сочинуваат Стефан Трајкоски (вокал и гитара), Александар Стефановски (тапани), Адриан Петров (гитара) и Раде Биковски (бас).
„Со оваа моќна, брза и ритмички силна композиција, го изразуваме ставот кон денешното општество и политичките случувања коишто ја следат долгата транзиција. „Гнев“ всушност е прва наша композиција отпеана на македонски јазик со што доживувањето и флуидот на песната меѓу нас и фановите го прави уште посилно“, велат од бендот.
Оттаму додаваат дека во снимањето учествувале Стефановски и Биковски, додека миксот и продукцијата на оваа композиција се дело на тапанарот на бендот Александар Стефановски.
Композицијата е мастерирана во Sierra Studios во Атина за што се погрижи Александрос Крисидис.
Песната е проследена со видео запис, дело на Стефан Рајхл, додека за монтажата се погрижи Ристо Душковски.