Ана Николиќ се најде среде скандал откако пејачот Дарио Шогоровиќ ја обвини дека сексуално го вознемирува, а потоа и поради бурниот прекин на соработката со Саша Мирковиќ.
Имено, Ана најпрвин јавно напиша на социјалните мрежи дека Мирковиќ манипулира со неа, а Саша веднаш возврати тврдејќи дека пејачката конзумира дрога и алкохол. Голем шок предизвика и видеото на кое се гледа лицето на Ана покриено со красти и рани.
По неколку дена, пејачката се појави на Инстаграм, заблагодарувајќи им се на сите за поддршката, но и тврдејќи дека никогаш не пробала дрога.
„Огромна благодарност до сите што ми испратија толкава поддршка. Понекогаш дури и не сфаќам колку од вас ме сакаат. Знаете дека не зборувам многу за мојот приватен живот, што не значи дека не сум поминала бури. Различни приватни бури. Јас не прифаќам улога на жртва и кога сум токму тоа…секогаш избирав да бидам победникот! Ама човек се уморува и најсилниот паѓа. Не мислам дека она што не те убива те прави посилен Лузните на лицето се само мал показател за сите исекотини на душата“, напиша е пејачка, а потоа го допре и обвинението дека се дрогира.
– Се чувствувам засрамено и не е на место воопшто да коментирам на темата „дрога“. Прво затоа што никогаш не била мојот животен стил, но за последен пат ќе кажам повторно – никогаш не сум пробала ниту еден вид опијати – никогаш. Овие лажни обвинувања освен што ме понижуваат како личност, како мајка и сопруга. Ме растажува, не сакам неправда и нема да дозволам никој да ме „спушти и да ме оцрни на таков срамен, лажен и пред се, примитивен начин“, напиша Николиќ.
Таа директно му се обрати на Саша Мирковиќ.
– Ало, ќе му објасни ли некој на овој идиот дека ќе оди во затвор? Човекот тврди глупости, поткрепени со ништо. Саша Мирковиќ, експерт за дрога? – напиша таа и додаде: “Ова е срамот. Јас и дрогата. Навистина нема смисла. Се згрозувам од зборот. Не сакам да соработувам со вакви луѓе”. Инаку, Ана се огласи откако Саша Мариковиќ објави на Инстаграм под кои услови ќе го изведе концертот во Арена, кој беше закажан за октомври, а кој рече дека нема да се одржи по избивањето на нивниот конфликт.
– Многумина прашуваат што ќе биде со концертот закажан во Арена. Мојот одговор е дека би бил среќен да го организирам со мојот тим само ако целиот приход се исплати во болницата за лекување од зависности и ако Ана оди во таа болница на лекување, што јас цело време го барав од неа – напиша Мирковиќ. .
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ана Николиќ