Радио Милева нешто конкретно

На Александар Јосифовски пред камери му поставија незгодно прашање за Ѓорѓе Давид, а менторот имаше што да слушне (видео)

На Александар Јосифовски пред камери му поставија незгодно прашање за Ѓорѓе Давид, а менторот имаше што да слушне (видео)

Минатогодишниот второпласиран македонски учесник во „Ѕвездите на Гранд“, охриѓанецот Александар Јосифовски воопшто не губи од својата актуелност и перманентност. Интересен за целиот регион, рокерот Александар овој пат беше гостин гостин во емисија пред македонскиот аудиториум, односно во „Нешто конкретно“ кај водителката Снеже Велков.

Домаќинката како и секогаш имаше досетливи и неочекувани прашања за своите гости, а едно такво доби и Александар.

-Александар, имаш понуда од Ѓуле Ван Гог да бидеш со него во група под услов да не му кажеш на Ѓорѓе Давид?

Прифаќаш или одбиваш?- праша Снеже, а Јосифовски низ насмевка и по мала пауза одговори:

-Ej…Па би…Мислам…Повеќе се имам со Ѓорѓе секако, така да Ѓуле може и сам (повторно насмевка“).

-Добро, лојално, заврши водителката за ова.

Бидејќи денес сите нешта осамнуваат на интернет, нема сомнеж дека Ѓорѓе Давид ќе го види ова и ќе му биде драго за одговорот на својот кандидат на кого му беше ментор, а денес му е и голем пријател.

За потсетување, Александар Јосифовски минатата година беше во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ под менторство на Ѓорѓе Давид, а иако беше голем фаворит за победа тој заврши како второпласиран. Сепак, тоа воопшто не беше пресудно за регионалната публика која му е наклонета.

Во месец април годинава Александар Јосифовски направи голема промоција во Белград на песната „Пусте ночи“, а присуствува бројни српски естрадни личности.

фото:Инстаграм принтскрин/Нешто конкретно/Александар Јосифовски

To top