Радио Милева искрено со прија

Александра Пријовиќ проговори за споредбата со фолк дивата: „Јас сум одамна изгубената ќерка на Цеца“

Александра Пријовиќ проговори за споредбата со фолк дивата: „Јас сум одамна изгубената ќерка на Цеца“

Александра Пријовиќ е првата „Ѕвезда на Гранд“ која закажа два концерта во белградска Арена, за 29 и 30 септември. Пејачката отворено проговори за Информер.рс за кариерата и семејството, но и за споредбата со најголемата балканска фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ!

– Често ми велат дека сум одамна изгубената ќерка на Цеце Ражнатовиќ. И двте често зборуваме за тоа, таа самата ми вели: „Боже, толку личиш на мене, како да сум те родила“. Таа беше мој идол од детството и никогаш не го криев тоа. Сите знаат колку ја сакам и почитувам. Тие споредби се нормални затоа што научив да пеам слушајќи ја Цеца. Веројатно затоа многу потсетувам – вели Прија.

Александра го распродаде својот прв концерт во Белградска Арена за само три месеци, а сето тоа многу емотивно го доживеа нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ.

– Со Филип сме заедно седум години. Кога пред два дена сфати колку добро луѓето го прифатија мојот нов албум и дека закажувам друга Арена, се расплака. Во сите овие години вторпат го гледам дапушти солза – вели фолк ѕвездата и додава дека сака да ги слави успесите со алкохол:

– Со Филип ќе го наздравиме овој успех со пиво, но пред настапот во Арена ќе пијам ракија, затоа што е подобро за грлото. Посебно е чувството затоа што јас сум првиот учесник на „Ѕвезде Гранда“ кој ја резервира Арената. Не можам да кажам дека сум посебна поради тоа, но работев напорно за да постигнам се…

Пејачката вели дека покрај одличната кариера, успева да биде и примерна сопруга и добра мајка на синот Александар.

– Имам среќа што на публиката и се допаѓаат моите песни и што се ми оди добро во тој поглед, затоа лесно успевам да бидам добра мајка и домаќинка и ѕвезда! – вели Александра и додава дека се шокирала кога слушнала дека нејзиниот син ги знае сите песни од нејзиниот последен албум:

– Мојот син сака музика! Пред некој ден седна на клавир и ја испеа целата песна „Лудница“, која ја снимив во дует со Дејан Костиќ. Кога влеговме во кола истиот ден, пуштив нови песни и тој ги знаеше сите! Бев навистина изненадена, бидејќи има само четири години, заврши Прија за споменатиот медиум.

фото:Zoran Sinko/Miloš Rafailović/ Instagram

To top