Малото девојче кое сите го поврзуваат со учеството на детската Евровизија – порасна.
Ања Ветерова веќе неколку години ни покажува дека е сериозна во музиката и дека од неа може да се очекува многу.
Тоа го најави и пред неколку месеци, кога откри дека своето високо образование го продолжува во Америка, односно на „Беркли“ каде ќе го усовршува својот вокал, ќе зема часови по пијано и ќе учи продукција.
Ања деновиве славеше матура, а како уникатна матурантка која точно ги знае своите цели во образованието, знае и како да биде уникатна и да се издвои од останатите.
Ако досега најмногу гледавме матурски изгледи кои беа во рамките на комерцијалното, Ања приреди едно изненадување за око кога е во прашање матурскиот изглед.
Имено, таа на својата матурска прослава се појави во впечатлив волуменозен фустан во циклама нијанса, на која и контрира белиот горед дел со светкави каменчиња. За својот изглед, Ања самоуверено напиша на Инстаграм:
Да, јас уживам да носам комбинации кои никој не може да ги носи, напиша Ања.
Инаку, во врска со своето понатамошно образование за порталот Точка таа изјави:
Желбата и амбицијата која ја имав за да студирам на тој факултет беше преголема бидејќи бев свесна дека тоа е местото кое може да ми ја пружи најдобрата музичка едукација за она што сакам да го работам во иднина, откри младата пејачка.
И посакуваме светла иднина и многу успеси на музички план со кои ќе не прави горди!
фото:инстаграм