Ана Николиќ не е видена во јавноста откако се скара во медиумите со нејзиниот сега веќе поранешен соработник Саша Мирковиќ, по што се појави видео на кое се гледа со рани на лицето.
Сега на социјалните мрежи се појави фотографија на Ана од кафуле, а во друштво меѓу другото е и Маца Дискреција. На фотографијата пејачката е насмеана и многу расположена, иако не е прецизирано кога е направена.
По избивањето на скандалот и по драмата во која беше главен актер, Ана замина во родната Доња Мутница кај Параќин, каде моментално го поминува слободното време.
Да потсетиме, Ана изминативе денови беше во центарот на медиумските пишувања, пред се поради кавгата со Мирковиќ, но и со Аца Лукас. Сепак, многу поголемо внимание привлече нејзиното видео на кој се гледа лицето на пејачката во рани, поради што многу нејзини колеги, пријатели и обожаватели уште повеќе се загрижија. И нејзините соседи за тамошните медиуми изјавија дека во последно време многу се променила и дека би сакале да ја вратат старата Ана Николиќ.
Фото: Принтскрин/Инстаграм