Популарниот холивудски заводник и актер Бред Пит сними нова реклама минатата недела во Франција, а неговата појава предизвика вистинска врева во малото гратче.
View this post on Instagram
Бред се појави во Франција во бела кошула и беж панталони кои ја следат линијата на телото. Имаше наочари за сонце, а фризурата му беше иста како порано – кратка и несредена руса коса. Обожавателите го фотографираа и забележаа актерот во гратчето Туртур на француската ривиера, а фотографиите и видеата се проширија на социјалните мрежи со брзина на светлината. Многумина пишуваат дека биле изненадени од тоа како изгледа познатиот актер.
– „Изгледа барем 20 години помладо“, „Како изгледа толку добро“, „Изгледа феноменално“, „Изгледа толку младо“, „Годините ништо не му можат“, „Кој му направи да изгледа толку добро “ – ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи. Некои пишуваа и дека Пит, како Бенџамин Батон, почнал да „старее наназад“.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Твитер/Профимедиа