Македонската пејачка, Антониа Гиговска редовно споделува со своите следбеници на социјалните мрежи што и се случува во текот на бременоста.
Таа во последно време најчесто објавува реклами за бебешка облека, а неретко знае да сподели и по некое емотивно видео за да искаже што најмногу и недостасува за време на трудничките моменти.
Меѓу објавите на нејзиното „стори“ овој пат таа покажа што прави по дома додека бебето само што не излегло од стомакот.
Терминот се ближи, деновите стануваат се подолги и подоги, а пејачката наскоро нема да може да го прави она што сака но, затоа сега одлично се забавува.
Всушност таа покажа дека нема никакви потешкотии и во никој случај не се досадува туку одлично се забавува.
„Журка по дома кога е досадно, само јас си правам или и вие?“ – со емотикони кои плачат од смеење ги праша следбеничките, распеаната и расположената Антониа која покажа дека не дозволува бременоста да и збоктиса.
Но, домашната журка не траеше долго бидејќи не се забавува сама туку заедно со наследникот кој сепак на крајот, брзо ја умори.
– Ме измори журкава – повторно со насмеани емотикони напиша идната мама на која секако не и беше сеедно бидејќи нејзината енергија ја остигна долната граница…
Но, Антониа насмевката не ја трга од лицето и храбро се носи со девизата дека жените можат да издржат сѐ:
– Да бидам искрена како се ближи крајот, така стравот е поголем, ама ние жените сме јаки, издржуваме се’! – неодамна напиша Антониа во обраќањето до фановите на својот Инстаграм профил.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Антониа Гиговска