Радио Милева интересен предлог...

„Време и е за трето“: Сара Мејс ова лето ги намали килограмите, а нејзиниот сопруг веднаш најде решение за тој „проблем“ (ФОТО)

„Време и е за трето“: Сара Мејс ова лето ги намали килограмите, а нејзиниот сопруг веднаш најде решение за тој „проблем“ (ФОТО)

Пејачката и харфистка Сара Мејс е целосно предадена на работата на музичката кариера, на семејството, а неодамна и како инфлуенсерка и модел.

Познато е и дека таа после два месеци од породувањето храбро застана пред објективот во еротска долна облека.

Дека пејачата е осободена од сите комплекси и фрустрации во однос на нејзиното тело заслужни се и стилистите, кои таа неретко знае да ги пофали дека добро си ја завршиле работата и сокриле тоа што не треба да се види.

Таа неодамна ја објави својата нова песна насловена „Фреквенција“, а токму поради тоа, одлучи да се „стегне“ уште повеќе па, бидејќи беше доста активна не и требаше многу за да ја доведе својата фигура до совршенство и да го искористи моментот да позира во бикини во нејзиниот двор во Пинтија. Она што веднаш се забележа е дека Сара доста ослабела.

Таа сега испраќа топли поздрави од Египет каде  замина на семеен одмор, а овој пат на нејзиниот Инстаграм профил меѓу фотографиите каде ги споделува најубавите моменти од одморот се најде и една која алудира токму за изгледот на нејзината фигура.

Имено, нејзиниот партнер, Димитар Атанасовски  постираше фотографија на која Сара позира во бикини видно ослабена, а тој  како вистински маж веднаш најде   решение како да и помогне ги врати килограмите.

„Време и е за трето, Многу ми е ослабена нешто“ – со смајли кое плаче од смеење Димитар  на сите им откри што планира во блиска иднина.  Сепак на  Сара дали неговиот предлог и се допадна или не ќе видиме во иднина. Судејќи по нејзиниот одговор,  нешто не ќе да и се брза?!

Или пак потврди дека го мисли истото, ама дали се однесуваше на килограмите или за трето ова лето… допрва ќе дознаеме?!

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Сара Мејс

To top