Зорана Павиќ во исповед за тамошните медиуми се отвори за бројни животни теми, а во таа прилика се осврна и на периодот кога беше во големи финансиски проблеми. Пејачката која се прослави во групата „Франки“, а потоа ја продолжи успешната соло кариера, со децении е присутна на естрадата. Таа, меѓу другото, зборуваше и за приватниот живот, долговите и здравствените проблеми.
Како сестрана личност, Зорана Павиќ се испроба и како водителка, беше дел и од реално шоу, а откри и кој бил главниот мотив за учество во ваков формат.
„Имаше проблем, никогаш не го криев. Еден заем кој ми го загорчи животот, во швајцарска валута. Се разболев поради тоа, буквално се разболев. Од болка и стрес, а потоа кога се појави таа понуда, реков: „Не ми се допаѓа, тоа не е моја приказна, не е нешто каде што се гледам себеси, но ако во овој момент ми е начин да излезам од проблемот, дефинитивно – да“, изјавила Зорана, а потоа појаснила: „Имав проблеми со хормоните, се беше разбранувано. Останав четири месеци во реалното шоу, го освоив четвртото место, но не го решив проблемот. Но, не се каам воопшто. Напорно работев таму. И луѓето тогаш можеа да ме запознаат. И покрај сите пречки и сите напади, не жалам за ништо. Ќе се каам само ако не направам нешто“.
Павиќ откри за какви здравствени проблеми станува збор. „Луѓето се разболуваат само ако им се разболи душата. Значи сите болести почнуваат од таму. Она што го велат – доаѓа од главата. Ако нешто ве мачи, тоа мора да одразува некоја болест. Имав хормонално пореметување и се тргна наопаку, а потоа, кога дојде до медиумите, ставив перика за да не се фотографирам во мизерна состојба“, изјавила пејачката.
Фото: Принтскрин/Ата Имаџес